Izbor jezika

здружение на македонци од јужнобанатскиот округ

ВАРДАР

 
Карневал во Панчево (19.06.2009)

 
Во Јабука обележена 106. годишнината од смртта на Гоце Делчев (05.05.2009)
 
 
Денот на планета земја обележен и во Качарево (22.04.2009)

На 22 април здружението ,,Вардар од  Качарево заедно со основно училиште,,Жарко Зрењанин,,и домот на култура,,Братство и Единство,, со ликовни ракотворби,флаери со пригодна содржина и натпревар во мал фудбал ги запознаја Кчаревци со еколошки маки на планетата земја.

19.04.2009

Од срце ви го честитаме празникот над празниците со најрадосниот христијански поздрав:

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ! НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!

Нека Божјот благослов биде постојано со Вас и нека Бог ви дари многу здравје,успеси и напредок во Вашиот живот.

ЧЕСТИТ ВЕЛИГДЕН НА СИТЕ ПРАВОСЛАВНИ ВЕРНИЦИ!

 

Македонски специјалитети на Сланинијадата (17.02.2009)

На саемот на сланина моеже да се учествува и на друг начин. Тоа го искористивме ние Македонци од подружницата Вардар - Качарево и по втор пат ја претставивме македонската заедница. Нашиот штанд беше посебно атрактивен за посетителите кои застануваа, разгледуваа, прашуваа, земаа  примероци од последниот број на Виделина и Ѕуница кои беа изложени на штандот и ЦД-и со музика од македонски гајдаџии, снимени на првата гајдашка средба во Качарево на 09. декември 2008.година. Сиите посетители можеа да пробаат македонски пити, грав подготвен на традиционален начин и македонски пијалоци. Секако најголемо внимание предизвика македонскиот национален ансамбл на македонски ора и песни „Тоше Проески„ со неговото  учество во културно- уметничкиот дел од оваа манифестација. Пред многубројната публика се претставија со игра од Банат, ора од Источна Македонија и Скопска Црна гора, а најмладите членови на  пеачката група –настапиa со песните „Сакам петки„ и „Луда забава„ Секако, треба да се спомене дека сите овие активности што ги реализира подружницата, , беа подржани од  Македонскиот Националниот Совет.
Василичари во Качарево (31.01.2009)

Членовите на подружницата Качарево на здружението „Вардар“ од Панчево во Качарево по трет пат организира Василичарски маскенбал. Во знак на сеќавање на некогашните обичаи во македонските села врзани за овој празник жители од Качарево по потекло од Македонија маскирани во  Домот на младината и годинава го обележаа овој празник. Единствена цел на овие активисти е постарите да ги потсетат а младите да видат како било и како денеска нивните врсници го обележуваат овој ден и обичај. 
Православна Нова година, во Македонија позната како Василица
и денеска во селата се обележува на посебен начин. Една или неколку групи, зависи од големината на селото, се преоблекуваат или маскираат. Сè зависи од желбите и волјата на секој поединец, но во секоја група по правило ги има сите институции важни за селото како што се поп, матичар, младоженец, невеста, просјаци, грбавец кој ги развеселува сите, се разбира, и водач на групата кој е маскиран до степен со голем труд да го препознаваат и постарите селани,...сè зависи од колку членови е составена групата. Маските се единствени и подготвени само за тој ден. Оние кои остануваат долго во сеќавањето се направени со посебно внимание и труд. Поради студеното време најчесто се облечени во кожуф, направен од козја или овчја кожа, на главата имаат шубара која ја краси сушена црвена пиперка, лицето е покриено со парчиња од ткаенина во бела или црвена боја со посебно направени отвори за очите и устата, а брадата e од крзно или од пердуви. Сите се преоблекуваат во стари искинати алишта, го менуваат дури и гласот, носат големи стапови кои кога има снег ги употребуваат за да се одбранат од кучињата или кај домаќините да предизвикаат страв. Посебно застрашуваат ѕвончињата кои го пратат нивното движење и прават огромна бука.Оние кои не носат маски си го премачкувале лицето со јаглен од огништето. По стариот обичај сите улоги ги играле мажи. Облекувањето и шминкањето се вршело во најголема тајна.
Вака облечени одат од куќа во куќа каде домаќините им даваат онаа што го имаат од пари до сланина, колбаси, ориз, брашно, вино, ракија, од сè по малку. Во различни краеви на Македонија различно се нарекуваат, некаде се Бабари, Сурвари, Василичари. Овој обичај се изведува некаде навечер во пресрет на празникот Св. Василие, а некаде на самиот празник.

страна -1-